Русија побара специјална седница на Советот за безбедност на ОН по украинскиот напад врз градот Белгород, во кој загинаа најмалку 14, а повредени се над 100 цивили.

Терористичкиот напад врз Белгород ќе биде предмет на постапка во Советот за безбедност на ОН. Зад терористичкиот напад стои Велика Британија, која во координација со САД го поттикнува режимот на Киев на терористички акции, бидејќи препозна дека контраофанзивата на украинските вооружени сили не успеа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Руските власти соопштија дека најмалку 14 лица загинале во украинскиот ракетен напад врз Белгород, меѓу кои и две деца. Бројот на повредени е 108.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.