Поради невообичаено големите бранови, властите затворија многу плажи долж брегот на Калифорнија. Во тешко погодениот округ Вентура, брановите ги надминаа морските ѕидови и носеа паркирани автомобили по улицата, блокирајќи ги патиштата за службите за итни случаи.

Поплавен е и локален хотел, при што е предизвикана штета на сите соби во приземјето. Иако времето почнува да се смирува за жителите на Cеверна Калифорнија, крајбрежните области на Централна и Јужна Калифорнија се уште се загрозени од екстремни бранови. Некои бранови во областа на Калифорнискиот Залив можат да достигнат висина од 12 метри, што е отприлика висина на телефонски столб.

Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес соопшти дека плажите, пристаништата и шеталиштата НЕ се безбедни“, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Знаеме дека брановите изгледаат импресивно и дека многумина би сакале да го видат тоа. Но, ги замолуваме граѓаните да се држат настрана и да не се приближуваат до крајбрежната област заради нивна и наша безбедност“, изјави локалниот началник на пожарникарите Брајан Мекграт.

Надлежните служби спасиле 10-ина лица кои мислеле дека можат да се справат со брановите.

Двајца посетители на плажа помогнаа да го извлечат спасителот кој се обидувал да се врати на брегот, откако спасил лице во близина на пристаништето, вели пожарникарот Енди ВанСивер.

Во четвртокот, речиси 20 луѓе беа однесени од огромни бранови што удрија во бариерата на плажата Вентура. Осуммина повредени се пренесени во болница.

Беше застрашувачко и апокалиптично. Луѓето викаа, врескаа. Трчав најбрзо што можев“, вели Колин Хоаг, кој ги снимал луѓето како бегаат од бранот што премина преку бариерата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.