Путин им ги честиташе Божиќ и Нова Година на лидерите ширум светот, но од земјите од Европа, честитка од Путин добија само Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Реџеп Таип Ердоган.

Во Европа, рускиот претседател им честиташе на унгарскиот лидер Виктор Орбан, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на српскиот претседател Александар Вучиќ

Во Јужна Америка Путин им честиташе на лидерите на Боливија, Бразил, Венецуела, Куба и Никарагва.

Путин упати честитка до сирискиот лидер Башар Асад и му потврди дека Русија ќе продолжи да дава секаква можна помош за решавање на проблемите и обновата во Сирија. Исто така, од  земјите од Азија и Африка, Путин им честиташе на лидерите на Индија, Кина, Виетнам, Лаос и Јужна Африка.

Во својата честитка до папата Франциск, рускиот претседател ја истакна посветеноста на Папата за вредностите на хуманизмот и правдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.