Американскиот писател Пол Остер, автор на мистериозните романи „Њујоршка трилогија“ почина на 77 години, пренесува „Би-Би-Си“.

Остер е автор на повеќе од 30 книги. Тој се стекна со култен статус во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Неговите романи често се егзистенцијалистички приказни за аутсајдери и беа особено успешни во Европа.

Писателот почина во вторникот во неговиот дом во Бруклин поради компликации од канцер на белите дробови, потврди неговиот пријател и автор Џеки Лајден.

Остер е роден и израснат во Њуарк, Њу Џерси од родители со австриско еврејско потекло. Подоцна се преселил во Њујорк каде студирал на Универзитетот Колумбија. По дипломирањето поминал четири години во Франција каде се усовршил како писател.

Ненадејната смрт на неговиот татко го поттикнала да го напише „Изумот на самотијата“ во 1982 година – одраз на односите татко-син, што стана тема која се повторува во неговите дела. Но, неговиот пробив се случи со „Њујоршката трилогија“, филозофски твист на детективскиот жанр фокусиран на мрачниот квартет на приватните истражувачи наречени Блу, Браун, Блек и Вајт.

Негови други романи се „Тимбукту и егзистенцијалните капри“, „Месечевата палата“, „Музиката на среќата“ и „Левитјан“.

Остер беше познат по неговиот остар дијалог, а книгите му се преведени на повеќе од 40 јазици.

Дополнително, тој го напиша и сценариото за филмот „Smoke“ од 1995 за што ја доби наградата „Independent Spirit“.

Остер во 2017 година го објави романот „4321“ кој брои 866 страници, за кој изјави дека го смета за свое најдобро дело, иако доби различни рецензии од критичарите.

Минатата година Остер го објави „Bloodbath Nation“ заедно со неговиот зет Спенсер Острендер кој е фотограф. Делото составено од текст и фотографии од местата каде се случиле 30 масовни пукања се фокусира на вооруженото насилство во Америка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.