ПРОГРАМА на Меѓународниот фестивал КНИЖЕВЕН КРУГ 2024

Место на одржување: Скопје
Датум: 21-23.5.2024 година
Програмски содржини:
1. ПИСАТЕЛИ БЕЗ СТАНИЦИ
21.5.2024 (вторник)
Гимназија Никола Карев – Скопје
13,30 часот
– Хаику поезија (настап на повеќе автори)
– Соопштување на признанието “Хаикин” за најдобриот автор од Конкурсот за необјавена хаику збирка
2. КНИЖЕВЕН КРУГ
19 часот
– Претставување на гостите – писатели од странство и врачување на наградата “Книжевен круг”
– Настап на македонските писатели кои живеат и создаваат во странство и врачување на признанието “Македонски корени”
3. ЛИТЕРАТУРЕН КАРУСЕЛ – поле за културен натпревар
22.5.2024 година (среда)
Пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк
11 часот
– Група македонски автори читаат свои нови творби
– Се избира и наградува најдобрата прочитана творба со признанието “Гоцевата мисла”
4. Т(Р)АЈНОПИС
22.5.2024 година (среда)
Културен центар Феникс (кај Универзална сала)
19 часот
– Вечер на класична кинеска поезија (краток вовед и читање избрани песни)
– Творби, автографи, цртежи, слики
Писателите пишуваат свои нови оригинални творби и цртаат цртежи или сликаат свои нови слики и ги претставуваат јавно пред публиката

5. РАДОСТА НА ПИШУВАЊЕТО И ЧИТАЊЕТО

23.5.2024 година (четврток)

Дом на културата во Општина Кисела Вода

11 часот

– Претставување на автори и илустратори на книги за деца и млади

– Културно наследство (литературни и ликовни творби од ученици на тема Скопје)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.