Ликовниот уметник Вилсон Нето ја прикажува својата самостојна илзожба – Превретена арехологија – Човекот кој игра помеѓу фактите и архитиповите – во Музејот на Град Скопје. Куратори на изложбата се македонско- францускиот куратор Гордана Велков и бразилско-германскиот куратор Алдонсо Паласио.

Проектот е инспириран од археолошките арте факти од римскиот локалитет Скупи за којшто се грижи Музејот на Град Скопје . Вилсон Нето веќе подолго време се занимава со истражување на арте факти – детски играчки кои датираат од периодот на антиката . Изложбата вклучува 13 платна од голем формат од серијата Коментари од 2023, 32 дела сликани на хартија од серијата – Хомо луденс – како и 7 ликовни претстави на хартија инспирирани од играчките пронајдени на локалитетот Скупи.
Изложбата се отвора во Музејот на Град Скопје во четврток на 16 мај во 19 и 30 часот со подршка на Министерството за култура и Германската Амбасада од Скопје. Иложбата ќе трае до 29 мај 2024 година.
Вилсон Нето е роден во Форталеца, Бразил во 1980 година, каде што и денес живее и работи. Работи со експериментални техники употребувајќи нековенционлани материјали и медијуми, така што делаат на Вилсон Нето се спој на пикторални и визулени елементи од разни материјали и пигменти, комбиннирани со вез и колаж, спој којшто конвергира во една кумултивна повеќеслојна уметничка креација која е во постојана експанзија. Вилсон извонредно добро се снаоѓа во апсорбирањето на околината којашто ја хармонизира со популарната култура како и со референциите на Јулиан Шнабел, Сигмар Полке и Даниел Сениз. Главниот фокус на неговата делување е сепак сликарството коешто функционира како амалгам кој го поврзува субјективниот со објективното и коешто директно го одразува светот и времето во којшто живее и твори авторот.
Гордана Велков е франко-македонски историчар на уметност и куратор. Родена е во Тетово во 1973 година. Дипломирала на катедрата за историја на уметност при факултетот за историја на уметност при Унивезрзитот Свети Кирил и Методиј во Скопје во 1999 година. Четири години работела како кустос и куратор во Музејот на Тетово . Члена е на фондацијата Македонида од 2003 година. Во 2005/6 година била визитинг сколар во Одделот за заштита на историското наследство на Унивезитетот Пенсилванија во Филаделфија . Од 2006 година живее во Скопје и работи како независен куратор.

Алдонсо Паласио е бразилско – германски куратор. Роден во Форталеца, Бразил во 1980 година. Завршил магистерски студии од областа на историја на уметност и маркетинг во уметноста во Париз на познатиот институт за уметности ИЕСА – “Institut d’Etudes Superieurs des Arts – IESA – Paris” . Сега живее и работи во Берлин како независен фри ленс куратор со фокус на латниско американската уметност и нејзината промоција во Бразил и Германија. Особено е ангажиран во помагање на млади уметници, како и во курирање на изложби на бразилски уметници во Германија, Макеоднија и во други Европски земји.

Ликовните дела кои ги презентира Бразилскиот уметник Вилсон Нето на македонската ликовна сцена во својата содржина и во ликовниот стил ја посочуваат разликата помеѓу иконографијата и иконологијата во ликовната уметност. Вилсон Нето се идентификува и се инспирира со Homo Ludens- Човекот што си игра наспроти Човекот што работи како значаен елемент во развој на културата и цивилизацијата според книгата на холандскиот критичар на модерната културна историја Јохан Хуизинга.
Играта кај Вилсон е привремениот свет од најдлабокото минато до денес . Таа е место каде се среќаваат децата , возрасните , страшилата ,добриот,лошиот и уметникот. Содржината и времето во Играта го делат реалното и нереалното, свесното и потсвесното. Магијата која трае додека трае, Играта ги отвара вратите на сефовите на меморијата и струи помеѓу индивидуалната и колективната меморија.
Сцената или медиумот кој постојано го надградува Вилсон Нето во неговата игра во серијата на делата од Comentario е неговиот исклучителен уметнички ликовен номадски порив преку кој ги истражува архетипните форми и ги афирмира давајќи им нова содржина и живот. Вилсон Нето ја гради и прераскажува сопствената културолошка нишка во своите иконографски дела со немирниот дух на патник од новото време или пак како аџија од минатото. Тој ја осмислува функцијата на играта и и дава смисла на играта со активен принцип на веќе старо- новите архетипови, слики и предмети така што неговите ликовни дела добиваат изглед како да се резултат од веќе нова игра со елементи на нереално, кое понатаму пак создава нова приказна -жанр или пак како што вика Аристотел “MITHOI” -нарација. Насобраниот архетипскиот визуелен материјал кој го поседува Вилсон Нето преставува ризница на бескрајна игра на нарации . Колку се поголеми и пошироки, свесни или несвесни, реални или не , тие бараат подлабоки корени не само во археологијата на знаењето туку и во самата археологија која е единствен извор и потврда на фактите и артефактите. Следејќи го овој траг на фактите, Вилсон Нето при првиот престој во Македонија се среќава со археолошки артефакти од римскиот период кои претставуваат фигури на детски играчки пронајдени како гробен инвентар во некрополата на Римскиот град Скупи. Играчките се теракотни реалистични зооморфни фигури во хеленистички стил. Нивната применета функција но и нивната естетика се инспирација за Вилсон во неговото истражување за ликовната игра на иконографски слики да ги постави овие артефакти како икононологија кои го интерпретираат не само симболичното значење на предметот туку и активната релација помеѓу уметноста и играта , естетиката без контекст на историска нарација туку исклучиво како ликовна стилска фигурација. Tака што според германско – американскиот историчар на уметноста Ервин Пановски, iконологијата на овие 7-8 претстави на детски теракотни Гулабици и двете Коњчиња на тркала од Римскиот локалитет Скупи според ликовната стилска претстава во комбинирана техника на слоевита катаракта од различни текстури и дизајни врз главната фигурација претставуваат интердисциплинарен модел помеѓу интерпретацијата на играта во антиката и визуелниот мотив денес. Во претставата на колажите на 40 -те мали цртежи на хартија симпатичните и експресивни фигурални претстави произлегуваат од постмодернистичкиот пристап на интеграцијата помеѓу фактите и архетипите. Во нив Нето асоцира на хибридни и инвентивни претстави како имиџ-слика на новите технологии и новите природни и социјални науки без специјален жанр и без нарација или како Култ на индивидуални факти  ликовна категорија според уметничката Методологија на австрискиот критичар Алоис Ригел. Во оваа насока предноста на градењето на уметноста е во индивидуалниот избор на елементите кој се третираат како уметнички објект и имаат универзално значење а, не на индивидуалниот ликовен пристап или специфичните уметнички медиуми. Изборот на индивидуалниот елементи за уметничко обликување не ги одрекува вредностите на археолошките истражувања, се додека тие ги откриваат  Вишите универзални закони кој ги почитуваат сите уметнички дела без исклучок.
Но да се вратиме на Играта и на Homo Ludens двигателот на ликовниот дискурс на Вилсон Нето и да кажеме дека игра без правила не постои , секоја игра има свои правила. Човекот што игра мора да ги почитува нормите и законите што важат додека трае играта, тие се безусловни и не подлежат на сомнеж и скептицизам . Се додека трае Играта живее и имагинацијата, која ги гради и издигнува столбовите на времето и човештвото. Штом ќе се прекршат правилата , светот на играта се урива, тогаш играта завршува. “ Судискиот свиреж става крај на маѓепсаноста и веднаш го воспоставува обичниот свет – го цитира Јохан Хузинга францускиот писател Пол Валери. Јас само би додала за крај дека токму свирежот го воспоставува редот и правилата кои важат во Обичниот свет, пишува Горданa Велков

 

Превртена археологија – “ Homo ludens “ : меѓу фактите и архетиповите
Алдонсо Паласио

Играта е постара од културата. Насловот на изложбата „Хомо Луденс“ (Човекот што си игра) е земен од истоименото дело на Јохан Хуизинга, во коешто се вели дека чинот на играње не е само активност во слободното време, туку интринзична и фундаментална карактеристика на човечкото битие. Интересот на бразилскиот уметник Вилсон Нето за оваа тема се роди за време на луциден сон за ископување антички играчки, којшто следствено го наведе да го продлабочи своето истражување на артефакти од минати цивилизации и нивните архетипови. Резултатот може да се види во колекцијата слики на ткаенини и хартии , која патувајќи низ целиот свет го најде својот пат и до Македонија.
Многу од артефактите што ги истражуваше Вилсон Нето, се наоѓаат ширум светот во колекции на антрополошки и природно-научни музеи. Тие се наликуваат на предмети со моќ, свети амајлии, симболи користени во ритуали, далеку од современото око како во неговата поставка Хомо Луденс (2023). Тука, присуството на играчките не може да се раздвои од ископувањето ниту од личната археологија, од желбата да се реорганизира светот. Вилсон Нето го постигнува тоа со живописна и кумулативна техника на сликање, додавајќи слоеви на површините веќе полни со визуелни информации, како печатени ткаенини, веќе постоечки слики и парчиња тапети. За Музејот на Град Скопје, уметникот креираше репрезентации на едноставни играчки од археолошкото наоѓалиште Скупи, близу главниот град.
Во неговата серија Коментари (2023-24), мноштво слики насликани на матрици од ткаенина имаат свое пребивалиште во недефинираниот простор меѓу сеќавањата и фикцијата, меѓу искуството и мечтите. Работата врз текстилот ја поткрепува приказната дека станува збор за крстосница на симболични значења, комплексни аранжмани кои може да се опишат како пат низ светот. Композицијата на Вилсон Нето има архетипски квалитети кои наоѓаат свој одек во различни култури и контексти. Уметникот не е заинтересиран за евентуално историско документирање, туку напротив, тој се стреми кон поетски пристап кој вклучува естетска и стилска рекапитулација.
Пренесувајќи ги предметните играчки на слика, уметникот го продолжува времето за нивно набљудување, а можеби и отвора врати за коресподенција, врски и констелации кои допрва треба да се откријат. Вилсон Нето е уметник на синхроницитетот; тоа е поим на Јунг, кој сугерира дека навидум случајните настани во реалноста се впрочем регулирани од невидлив ред, којшто заемно ги поврзува сите работи меѓу себе. Наместо да се концентрира исклучиво на логичното и свесно ниво на свеста, уметникот се отвора кон можноста за коинциденции, за неочекуваното, за спонтаноста и зошто па да не и, за радоста на играта при креирањето уметност.

Алдонсо Паласио,
Берлин, април 2024



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.