Украинските вооружени сили денеска извршиле еден од најголемите напади на територијата на рускиот регион Белгород. Според руското Министерство за вонредни ситуации, загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108 граѓани се повредени, меѓу кои има и 15 повредени деца.

Детскиот правобранител Марија Лвова-Белова извести дека четири повредени деца се на интензивна нега, а вкупно 17 малолетници се повредени.

Медиумите наведуваат дека има неколку пожари во центарот на градот. Повеќето од нападите беа насочени кон места преполни со луѓе собрани за празниците на новогодишен панаѓур, лизгалиште посетено од голем број деца и возрасни, трговски центар и плоштадот на катедралата.

Руското Министерство за одбрана изјави дека украинските сили го извршиле нападот користејќи проектили со касетни бомби (забранети со меѓународните конвенции) Вилха (модификувани ракети Смерч од советско производство), како и проектили од чешко производство „Вампир“ МЛРС, од кои некои биле пресретнати.

Локациите на поголемиот дел од ударите покажуваат дека украинските сили конкретно го гаѓале центарот на градот и местата каде што се собираат цивили.

Негодување од САД

По извршениот напад, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД не ја охрабруваат или одобруваат Украина да изврши напади слични на нападот во Белгород.

Јасно ставивме до знаење дека не охрабруваме и не одобруваме такви напади“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.