Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин.

Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска – рече Зарин.

Тој додаде дека на оваа листа, која е предадена на Министерството за надворешни работи, има вработени во руските специјални служби, како и лица кои соработуваат со нив.

Владиниот портпарол изјави дека рускиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи и по средбата ќе бидат објавени одлуките за понатамошните чекори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.