Речиси 4.900 здравствени работници во Израел се ставени во карантин. Во изолација се 690 лекари и 1282 медицински сестри. За споредба, до вчера во карантин беа околу 3.800 здравствени работници. Меѓу нив имаше 542 лекари и 1.000 медицински сестри.

Недостигот од критичен медицински персонал е една од причините за одлуката на израелското министерство за здравство да им дозволи на заразените со варијантата Омикрон наместо за десет дена да излезат од изолација после една седмица, под услов да немале никакви симптоми во претходните три дена.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 43.815 нови случаи на корона вирус“. Во израелските болници има 781 заболен од Ковид-19, од кои 255 се во тешка состојба, а 63 се на апарати за механичко дишење.

Во моментов има околу 223.000 активни случаи на корона вирус во земјата, но експертите проценуваат дека реалната бројка е многу поголема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.