По освојувањето на Авдеевка од страна на руските сили, воените експерти ширум светот, се уште анализират колкаво тактичко и стратешко значение има тој успех. Како што пишува „Њујорк тајмс“, заземањето на Авдеевка можеби е позначајно отколку што првично се мислеше, бидејќи Украина се бори со опаѓање на моралот и слаба мотивација за борба.

Според весникот, високи западни функционери и воен персонал кои се борат за Украина пријавиле многу затвореници и исчезнати. Тоа е ужасен  пораз што може да му нанесе удар на веќе ослабениот морал на укранската војска.

Двајца воени претставници запознаени со повлекувањето на украинските сили од градот, процениле дека меѓу 850 и 1.000 војници се заробени или исчезнати. Претставници од западните власти потврдиле дека таквите податоци се точни, пишува „Њујорк тајмс“.

Руското заземање на Авдеевка е значајна симболична загуба за украинските вооружени сили, како и знак дека намалените резерви на артилериски гранати го отежнуваат одржувањето на украинските линии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.