Палестинското Министерство за здравство утрово соопшти дека изминатата ноќ загинале 99 Палестинци во Појасот Газа.

Израелската армија синоќа изврши нови воздушни напади врз Рафа, пред почетокот на разговорите во Каиро за воспоставување на примирје во енклавата.

Предвидено е специјалниот американски пратеник, Брет Мекгурк денеска да допатува во Израел по посетата на Египет, каде се водат нови разговори за примирје.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер изјави дека САД сакаат да се постигне договор што е можно побрзо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.