Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц го прекина извозот на автомобили во Русија и го запре нивното производство во земјата.

Мерцедес-Бенц ќе го прекине извозот на автомобили и мини комбиња во Русија до следно известување, а ќе го запре и локалното производство во Русија, се наведува во соопштението на компанијата.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, неколку германски и западни автомобилски групации веќе најавија повлекување од рускиот пазар.

БМВ, исто така, најави привремен прекин на извозот во Русија „поради актуелната геополитичка ситуација“.

Најголемиот светс ки производител на камиони „Дајмлер Трак“ ја прекина соработката со рускиот производител на автомобили Камаз, кој исто така произведува цистерни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.