Јапонија и Индија го отфрлија тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден, кој ги нарече „ксенофобични“ земји, затоа што не прифаќаат имигранти.

Бајден ова го соопшти за време на неговата турнеја за собирање средства за претстојната претседателска кампања.

Јапонската власт порача дека проценката на Бајден не се заснова на точното разбирање на политиката на земјата, додека Индија го отфрли неговиот коментар со тврдење дека е најотворено општество во светот.

Бајден ги класифицира Јапонија и Индија како ксенофобични земји, заедно со Русија и Кина, обидувајќи се да ги објасни тешкотиите на нивните економии и да ги спореди со силата на САД како нација на имигранти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.