Одлуката на судот во Италија да ослободи од обвинение маж обвинет за непримерно допирање на 17-годишна девојка, стана предмет на критики во земјата, пишува денеска германската агенција dpa.

Училишниот чувар (66) ја фатил средношколката за задникот на скалите, пишува дневниот весник „Кориере дела сера“.

Судот во Рим минатата недела го ослободи мажот бидејќи малтретирањето траело „само“ помалку од десет секунди, се вели во извештајот на весникот.

Одлуката предизвика негодување во јавноста во Италија.

„#10 секунди“
Користејќи го клучниот збор „#10 секунди“, корисниците на Instagram и TikTok објавуваат видеа за да покажат колку долго може да трае „palpata breve“ (краток допир).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LINDA.meiden (@linda_meiden)

Стоперката на видеата мери десет секунди додека луѓето гледаат во камерата и ги допираат интимните делови од своето тело. Италијанскиот актер Паоло Камили, познат по улогата во серијата „Белиот лотос“, ги сними првите видеа, а потоа и инфлуенсерката Кјара Ферањи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.