Јахтата на рускиот олигарх Андреј Мелниченко е запленета од страна на италијанската финансиска полиција. Бродот наречен „SY A“ е вреден околу 530 милиони евра и се наоѓа во складиште во североисточното пристаниште Трст.

Станува збор за една од најголемите јахти во светот, според нејзиниот производител „Нобискруг“.

ЕУ го санкционираше Мелниченко на 9 март како дел од продолжените санкции против руските олигарси, а сега му е конфискуван луксузниот брод. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива „EuroChem Group“ и на компанијата за јаглен „СУЕК“.

На социјалните мрежи се појави и видео од Трст на кое се гледа моментот кога јахтата била запленета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.