Против Република Хрватска е поднесена тужба вредна над 35 милиони евра поради заплена на јахтата „Кралска романса“ („Royal Romance“) во сопственост на компанијата „Ланелија холдингс“ (Lanelia holdings) на рускиот претприемач со недвижности Алексеј Инкин.

Јахтата е блокирана во пристаништето Трогир на барање на украинското обвинителство. Тоа ја поврзува со Виктор Медведчук, моќен руски тајкун против кого во Украина се води предистражна постапка. Блокадата на јахтата е побарана за да се врати наводната штета предизвикана од Медведчук.

Адвокатите на Инкин дека јахтата „Кралската романса“ била задржана во Хрватска како дел од процесот против Медведчук.

Украинското обвинителство, наведуваат понатаму адвокатите, го товари за велепредавство, поточно за склучување скапи договори за откуп на јаглен уште во 2015 година. Иако оваа истрага трае од 2016 година, судењето сè уште не е одржано, а во 2022 година украинското обвинителство издаде барање за блокирање на луксузната јахта, која повеќе не е на Медведчук, туку на Инкин.

Јахтата е во пристаништето Трогир веќе речиси две години, а Инкин тврди дека Хрватска немала апсолутно никаква причина да му го конфискува луксузниот брод. Тој смета дека за овие две години е оштетен за повеќе од 35 милиони евра откако незаконски му се ограничува сопственоста. Тој морал да ја одржува јахтата чија вредност се проценува на околу 130 милиони евра и да плати за укотвување во марината Трогир, но не можел бидејќи планирал да заработи со изнајмување.

Пред неколку дена, Жупанискиот суд во Сплит одлучи да ја продолжи наредбата за конфискација на јахтата од компанијата на Инкин, која е формален сопственик, и да и ја предаде на украинската Агенција за управување со имотот стекнат со корупција и други кривични дела.

Сепак, оваа одлука сè уште не е конечна, па јахтата не е предадена на украинските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.