Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, изјави дека официјален Париз има намера во блиска иднина во Украина да испорача беспилотни летала камикази од нова генерација со цел да ги изврши нивните целосни тестови.

Како што се вели во изјавата на министерот за „Журнал ди Думанш“, развојот на нови дронови е во фаза на тестирање. Според Лекорну, Украина ќе биде првата земја што ќе ги добие овие беспилотни летала.

Во Париз се убедени дека тоа ќе овозможи „целосно тестирање на развојот на дроновите во борбени услови“.

И покрај фактот што Франција во пракса има намера да ја користи Украина како полигон за испитување и обука за своето смртоносно оружје, Лекорну порача дека Париз „не е во војна со Русија и дека обезбедувањето помош за Киев не претставува учество во конфликтот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.