Движењето Хамас утрово соопшти дека постигнало договор со Израел за четиридневен хуманитарен прекин на огнот „по концентрираните напори за посредување на Катар и Египет“.

Соопштението на Хамас го објави Палестинскиот информативен центар, кој ги пренесува официјалните изјави на движењето.

„Врз основа на нашата одговорност кон нашиот долго-страдачки и непоколеблив палестински народ и нашиот неуморен напор да ја зајакнеме непоколебливоста на нашиот херојски народ во нашата горда Газа, да му помогнеме и да му ги залечиме раните … и по тешките и сложени преговори неколку дена, објавуваме – со помош и благослов од Семоќниот Алах – дека постигнавме хуманитарен договор за примирје (привремен прекин на огнот) за период од четири дена, благодарение на упорните и ценети напори на Катар и Египет“, се вели во соопштението.

Во соопштението, кое Хамас го објавил на својот канал на Телеграм, движењето откри неколку одредби од договорот меѓу кои се прекин на огнот од двете страни, на стотици камиони со хуманитарна помош кои носат хуманитарни, медицински и резерви на гориво ќе им биде дозволено да влезат во сите области на Појасот Газа, без исклучок, на север и на југ, прекин на целиот воздушен сообраќај во јужна газа за време на тие четири дена по шест часа секој ден од 10 до 16 часот.

„Ослободување на 50 цивили жени и деца (помлади од 19 години) кои моментално се држат во Појасот Газа во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца (на возраст под 19 години) од израелските затвори според времето што го поминале во затвор … За време на периодот на прекин на огнот, Израел се обврзува дека нема да таргетира или апси никого во сите области на Појасот Газа … Загарантирано е слободно движење на луѓето од север кон југ по улицата Салахудин“, се вели во соопштението на Хамас.

Хамас додава дека иако објавува за склучувањето договор за примирје, „потврдува дека рацете на неговите припадници ќе останат на чкрапалото, а неговите бригади ќе продолжат да го бранат народот“.

„Отпорот ги водеше преговорите додека неговата позиција на теренот е цврста и силна и покрај обидите на окупаторот да одолговлекува во овој поглед. Условите на договорот се формулирани во согласност со визијата на отпорот која има за цел да му служи на нашиот народ и да ја зајакне неговата непоколебливост пред агресијата, додека секогаш ќе остане свесен за неговите жртви, страдања и грижи“, стои во објавата на Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.