Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш изјави дека многу е загрижен поради ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во јужниот дел на Украина.

Тој ги повика вклучените страни да ги повлечат воениот персонал и опремата од централата и да се воздржат од какво било понатамошно распоредување на силите.

Мораме да бидеме јасни дека секоја потенцијална штета на Запорожје или на кој било друг нуклеарен објект во Украина, или каде било, може да доведе до катастрофални последици не само во непосредна близина, туку и во регионот, па и пошироко, истакна Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.