Три лица загинаа во руски бомбашки напади во областа Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти.

Три лица загинаа, а три се ранети, информира на социјални медиуми Иван Федеров, претседател на регионалната управа на Запорожје.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле напади „357 пати“ врз осум населени места во регионот.

Руските власти вчера соопштија дека украинско беспилотно летало ја нападнало територијата на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е делумно окупирана веќе две години и дека уредот експлодирал над еден од реакторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.