Остатоци од проектил што паднале во украинскиот град Харков на почетокот на јануари се од севернокорејската балистичка ракета од серијата Хвасонг-11, соопштија набљудувачите на Обединетите нации во извештајот доставен до Комитетот на Советот за безбедност.

Во извештајот од 32 страници, набљудувачите на санкциите на ОН заклучуваат дека „делови од проектилот што падна во Харков, Украина, на 2 јануари 2024 година потекнуваат од ракетата од серијата Хвасонг-11 на Северна Кореја“ и претставува кршење на севернокорејското ембарго за оружје.

Демократска Народна Република Кореја (НДРК) е под санкции на ОН поради нејзините балистички ракети и нуклеарни програми од 2006 година, а тие мерки беа зајакнати со текот на годините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.