Францускиот актер Жерар Депардје (75) беше приведен во полиција денеска наутро за да биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени.

Според информациите на BFMTV, Депардје бил однесен во полициска станица во Париз каде ќе биде сослушан.

Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба. Едната го обвинува дека непримерно ја допирал и покрај нејзиното противење во 2014 година на сетот на „Магионичарот и сејачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Многумина беа шокирани од веста дека познатиот француски актер Жерар Депардје е обвинет за сексуално вознемирување од тринаесет жени.

Депардје досега го бранеа многу истакнати членови на културниот живот во Франција, како и самиот претседател Емануел Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.