Франција побара нафтата од Иран и Венецуела, двете земји кои се под американски санкции, да се врати на меѓународниот пазар за да се ублажи недостигот предизвикан од намалените испораки од Русија.
Како што изјави француски официјален претставник, таквиот потег ќе го поттикне намалувањето на цените во светски рамки.
САД викендов, на самитот на Г-7 во Германија, предложија во новиот пакет санкции против Москва да се ограничат цените на нафтата за да се намалат руските приходи од продажбата на црното злато.
Плафонот на цената ќе се утврди или со ограничување или со забрана на осигурување или со финансирање на испораките на руска нафта над одредена сума. Тоа ќе ги спречи ефектите од прелевањето на високите цени на нафтата врз земјите со ниски приходи, што и онака се борат со високите трошоци за храна и енергија.
Според официјални претставници на кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од друга страна, Париз сака механизмот за ограничување на цените да вклучи што е можно повеќе производители на нафта, а не само Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.