Литванскиот национален Центар за кибер безбедност, обвини дека државни и приватни институции во Литванија се нашле на удар на голем ДДОС напад (негирање на услуга).

Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор. Беа нападнати и безбедните мрежи што ги користат овие институции – додаваат од Центарот.

Британските медиуми јавуваат дека руската хакерска група „Килнет“ ја презела одговорноста за нападот, објавувајќи дека тоа е одмазда за одлуката на Литванија да го забрани транспортот на руска стока преку нејзината територија до руската ексклава Калининград.

Нападот ќе продолжи се додека Литванија не ја укине блокадата. Уништивме 1.652 веб-извори. И тоа е само досега – порачал портпаролот на „Килнет“ за британските медиуми.

Калининград, по копнен пат е поврзан со остатокот од Русија со железница преку Литванија, која е членка на Европската унија и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.