Броењето на гласовите во Унгарија се уште трае, но Фајненшл Тајмс веќе најавува голема победа на Виктор Орбан и неговата Фидеш партија.
Дописникот на овој британски весник Мартон Дунаи првично објави дека опозицијата води во анкетите спроведени меѓу гласачите, со што ги крена надежите на противниците на Орбан, но потоа појасни дека се работи за обична интернет анкета. Набргу потоа Дунаи објави дека според официјалните резултати, Фидеш води со голема предност пред опозицијата, па дури има шанси да го задржи и дво-третинското мнозинство потребно за менување на Уставот, иако ова е сепак неизвесно.

– Проценката е дека Фидеш ќе освои 134 места, и ќе го задржи двотретинското мнозинство, но ова може да се смени како што повеќе резултати пристигнуваат. Аналитичарите веќе најавуваат голема победа на Орбан, единственото отворено прашање е дали ќе има двотретинско мнозинство, јавува Дунаи.

Со 70% обработени резултати партијата на Орбан освојува 134 од 199 пратеници што е точно 2/3 за ФИДЕС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.