Висок функционер на Путин, кој даде отказ на функцијата и ја напушти Русија во знак на протест против Украина, итно е префрлен на интензивна нега откако ненадејно доживеа акутна вкочанетост во рацете и нозете.

Специјалисти во костуми „хазмат“ ја прегледале просторијата каде што се заболел Анатолиј Чубаис (67) во неодредена западна земја во Европа.

Извештајот дојде од новинарката Ксенија Собчак, поранешен руски претседателски кандидат.

Првичната дијагноза е Гилен-Баре синдром, но истрагите сѐ уште се во тек по повторените случаи кога непријателите на Путин биле отруени.

Собчак изјави: „Во овој случај, дијагнозата може да се промени“.

Таа рече дека „собата во која се наоѓал Чубаис кога се чувствувал лошо ја прегледале специјалисти во костуми за хемиска заштита. Полицијата ги испраша сите сведоци“.

Неговата сопруга Авдотја Смирнова (56), филмски режисер, изјавила дека состојбата на Чубаис е „нестабилна“, рече Собчак.

Стана лошо, наеднаш рацете и нозете се вкочанија.

Самиот Чубаис беше цитиран како рекол: „Јас сум хоспитализиран во една од европските клиники со дијагноза на Гилен-Баре синдром. Состојба со умерена тежина, стабилна“.

Синдромот Гилен-Баре се случува кога сопствениот имунолошки систем на една личност им наштетува на нервите на телото. Оваа штета предизвикува мускулна слабост, а понекогаш и парализа.

Чубаис поднесе оставка од функцијата специјален пратеник на Путин во меѓународните организации во март – и ја напушти Русија да живее во егзил во знак на протест поради војната.

Тој се смета за највисокиот руски функционер кој поднесе оставка поради оваа причина.

Тој е поранешен вицепремиер кој ја предводеше приватизацијата на руската економија по падот на комунизмот во владата на Борис Елцин.

Тој остана клучен играч под Путин – и од 1998 до 2008 година беше на чело на рускиот државен монопол за електрична енергија РАО УЕС.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.