Инспекторите во Бостон откриле дека Брајан Волш со денови се обидувал да гугла на таблетот на неговиот син з како да го прикрие злосторството.

Најдобар начин за отстранување на телото, дали може да биде обвинет за убиство ако телото не се најде, моторна пила – најдобра алатка за распарчување тело, како да се исчисти крвта од дрвениот под, што се случува кога делови од телото се ставаат во амонијак , дали сода бикарбоната може да предизвика мирис на телото, како и како да го балсамирате телото – ова се само дел од пребарувањата на Google што Волш ги направил по мистериозното „исчезнување“ на неговата сопруга.

Како што се наведува, тој на 27 декември на интернет пребарувал во која земја е најдобра за бегство, како да се разведе, но и колку време треба да помине по исчезнувањето на брачниот другар за да го наследи имотот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.