Шефицата на онколошкиот оддел на окружната болница во Сучава, Романија, е приведена откако била обвинет дека за само една недела примила мито од болни од рак 62 пати, пишува романскиот портал Romanian Journal.

По претресот на нејзината лекарска ординација и службениот автомобил полицијата пронашла докази за 64 дела на поткуп, од кои 62 се случиле во текот на една недела во декември минатата година, а се тврди дека примала мито од болни од рак во износ од 50, 100 и 200 леи, односно 10, 20 и 40 евра, а покрај пари добила и слатки, парфеми, скапи пијалоци и храна – мед, сирење, кафе, чоколади и сирење.

Полицијата и обвинителството покренаа истрага откако неколку пациенти се пожалија дека шефицата им барала мито за да го добијат потребниот медицински третман, пишува Romanian Journal.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.