Инспекторите пронајдоа мал фрагмент од коска на пилата што Брајан Волш, наводно, ја фрлил во контејнер откако ја убил сопругата од Белград, Ана Волш, се вели во судските документи.

Се уште се чекаат резултатите од ДНК анализата за да се утврди дали и припаѓа на Ана Волш. Доколку се докаже дека е на исчезнатата Белграѓанка, тоа ќе биде клучен доказ против него при натамошното судење.

Меѓу собраните докази беше и моторна пила пронајдена во контејнер спроти домот на неговата мајка во Свампскот, Масачусетс, како и клучеви од автомобилот, картичката за вакцинација на Ана, часовник, ѓердан од Гучи за кој се знае дека го носела Ана, „ Хантер “ чизми, црна чанта Прада и кратко црно палто.

За време на истрагата, полицајците пронашле и теписи за кои веруваат дека биле во кујната во дневната соба на семејството Волш во Кохасет, на кои имало светло кафени дамки на нив.

Пред неколку дена беа објавени три фотографии од надзорните камери на кои се гледа како тој носи опрема за чистење, како и голема кеса за ѓубре.

Брајан се појави на суд во четвртокот за прв пат откако беше обвинет за неколку точки за убиство на неговата сопруга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.