Триесетгодишен маж ги избол до смрт сопругата и двата сина. Тројното убиство се случило рано утринава во семејна куќа во областа Ал Бунок во градот Таиба во централен Израел, додека семејството спиело.

Дваесетишест годишната Бара Масаро и нејзините два сина Амир (2) и Адам (6 месеци) се последните во серијата жртви на убиства, објави портпаролот на израелската полиција, која го приведе убиецот.

Болничарот Мохамед Араки за локалните медиуми изјави:

„Кога стигнавме на местото на настанот, сцената беше крајно шокантна. Видовме жена, бебе и дете без свест и со знаци на насилство. Направивме медицински тестови и се обидовме да ги спасиме. Тие не дадоа знаци на живот и за жал, немавме друг избор освен да прогласиме смрт“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.