Банката на Англија во текот на денот треба да објави промени во зголемувањето на каматните стапки, што пак значи дека ќе се зголемат ратите од месечните исплати на хипотеки на населението. Оваа мерка ќе погоди два милиони домаќинства.

Се предвидува дека каматните стапки ќе се зголемат за еден отсто во време кога британската јавност веќе се бори со ефектите од инфлацијата, високите цени на енергијата, трошоците за живот и цените на горивото, кои го доведоа Обединетото Кралство до седум отсто инфлација.

Во моментов, каматната стапка што Банката на Англија ја наплатува на комерцијалните банки е 0,75 отсто. Сите корисници на комерцијални кредити со променлива каматна стапка од денеска можат да очекуваат повисоки рати на кредитите.

Цените на заемите, исто така, ќе се зголемат, принудувајќи ги домаќинствата да ги намалат трошоците на друго место бидејќи режиските трошоци се зголемија за 879 американски долари годишно.

Официјалните податоци на Банката на Англија наведуваат дека моменталната стапка на инфлација е седум отсто, додека целната стапка е само два отсто годишно.

Секој месец, Националното биро за статистика собира 180.000 цени за 700 артикли кои го мерат индексот на потрошувачки цени, кој обезбедува мерка за инфлацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.