Албанскиот државен врв силно го осуди терористичкиот напад врз Израел.

– Најостро ги осудувам нападите на Хамас против Израел. Во овие моменти стоиме покрај Израел. Нашите молитви се упатени до жртвите и нивните семејства. Албанија е одлучна против тероризмот од која било форма, стои во реакцијата на претседателот Бајрам Бегај.

Премиерот Еди Рама остро го осуди нападот на Хамас врз Израел во денешните рани утрински часови и додава “нашите мисли се со жртвите и нивните семејства”.

– Најостро го осудувам терористичкиот напад на Хамас против Израел. Ние стоиме цврсто против тероризмот. Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства и цел Израел, пишува Рама на социјалната мрежа X.

На тензичната ситуација во Израел, освен Бегај и Рама, реагираше и претседателката на парламентот Линдита Никола.

– Парламентот на Албанија најостро го осудува терористичкиот напад на Хамас врз Израел и стои покрај израелскиот народ во овие тешки моменти. Нашите молитви, мисли и поддршка одат до невините жртви и нивните семејства во Израел. Албанија ќе продолжи да биде на страната на своите стратешки партнери, САД и ЕУ, во борбата против тероризмот, за заштита на безбедноста и мирот, напиша Никола.

Терористичкиот акт го осудија и лидери на политички партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.