Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од дел од с. Никиштани. (Општина Ѓорче Петров), од 8:30 до 13:30 часот корисниците од дел од ул. Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, од 11:00 до 12:00 часот, утре, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. 5 во населба Визбегово, во Општина Бутел.

По добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, пак, РЦУК Скопје информира дека поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник f-1 coll, на ул. „Стив Наумов“ бр. 77, утре од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Стив Наумов“, „Пролет“, „Тетовска“ и објектите на Амбулантата на МВР и Полициската станица во Општина Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.