Во Скопје денеска ќе се одржи уличната трка „HalkEcoСкопје“ 10КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички.

На трката ќе учествуваат 1.300 лица.

Патеката на движење ќе биде следната: Стартот на трката е во 09.00 часот пред фонтана „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крај на Бул. Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата „Никола Парапунов“. Потоа се трча до крај на улицата каде на семфорите се врти десно и се излегува на Бул. Партизански Одреди.

Од тука се трча до мостот „Влајко“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити Мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по Бул. Партизански Одреди до вкрстувањето со улицата „Никола Парапунов“, каде се врти десно. Од улицата „Никола Парапунов“, се трча до крај, па се врти десно на Бул. Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.

Насловен спонзор трката е „Халк“ банка, а покровители Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.