Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, воведува нова мерка за штедење на електричната енергија за улично осветлување. Станува збор за исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19:45 часот навечер до 4:30 часот, наместо исклучување на уличното осветлување од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро, како што беше досега, а на што бурно реагираа карпошани.

Ова, како што информираат од Општина Карпош, било одлучено на средбата што ја имал градоначалникот Јакимовски со секретарите на урбаните заедници, на која му бил пренесен, разгледан и прифатен овој предлог на граѓаните.

Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници дали може да свети секоја втора светилка од уличното осветлување. Го повикав Одделението за енергетска ефикасност, како и фирмата која го одржува осветлувањето, да видиме дали постои таква техничка можност. Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе овој викенд ќе воведеме промена на мерката за штедење – изјави градоначалникот Јакимовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.