Коалиционите партнери СДС и Левица, подеднакво очајни и бедни, во обид со ширење лажни вести да предизвикаат етничка нетрпеливост и паника кај ѓорчепетровци, реагира градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски.

Елементарно неписмени ви се информациите за било каква градба во новодонесениот ДУП СЗ16, или издадена градежна дозвола за било кој тип на објект во истиот.

 

Како прво, во новодонесениот ДУП не постои локација како на илустрациите коишто ги закачиле на косовскиот сајт за продажба, како второ ниту е возможно толку брзо да дојде до издавање на градежна дозвола на локација со нерешени имотно правни односи и како конечно, од авион ви се гледа очајот и политичката немоќ и неинвентивност па си се копирате едни со други.

 

Матрицата ви е иста – вазали и поданици, тука нема разлика.

 

И не се секирајте, на вашите стравови набрзо ќе им дојде крај, ќе имате многу време да размислувате каде сте згрешиле.

 

Ќе ве победиме сите заедно, на купче.
Да живее силно Ѓорче Петров!, вели Стојковски во својата реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.