2023 година за скопјани доаѓа невообичаено по многу нешта.

Првпат откако се прославува органзирано на плоштадот, Градот реши да не учествува во прославата. Првпат за новогодишната ноќ градот е проголтан од густа магла, првпат е толку пусто, тивко…

Стотината жители на главниот град кои одлучија новогодишната ноќ да ја поминат на плоштадот Македонија ги забавуваа естради уметници организирани од Здружението на естрадни уметници „Естрада”, кое се нафати да биде организатор на новогодишната забава.

Мерак Меана, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, за на крајот скопјани да одбројуваат со Елена Ристеска. 3, 2, 1… Среќна Нова година им посака главната ѕвезда на вечерта, а потоа следуваше неколкуминутен огномет, кој, за жал, остана невиден од маглата.

Да се надеваме дека годината која започна како сцена од „Подземје“ на Кустурица, ќе го разбие малерот и конечно силно ќе ни светне ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.