Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДС, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во советот на Град Скопје, реагира најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, без да има никаква потреба за вонредност тие побараа вонредна седница да се гласа за 4 точки.

Точките се:

1. Да се доделат над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се троштат.

2. За уредување на градежно земјиште за која особен интерес покажа бизнис партнерот на СДС, ДУИ.

3. За криминална преполовување на долгот што треба спортскиот центар „Борис Трајковски“ раководен од кадар на СДС да го исплати на градот Скопје, при што Градот се откажува за половина од сумата од 1 милион евра што Спортскиот Центар треба да ја исплати на Градот.

4. Финансирање на изработка на урбанистички планови.

Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа.

Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше против, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ЗА 650 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски.

Коалицијата на хаосот и криминалот СДСМ, ДУИ и Левица на дело. Лепакот се криминалот и тендерите на Арсовска, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.