Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, доцна вечерва излезе на терен за да ја провери состојбата со снегов. За ова информираше на социјалната мрежа фејсбук, каде напиша: „Вечерва заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески излеговме на терен и будно ја следиме состојбата со снегот. Оваа зимска сезона секој дел од Општината ќе биде опфатен со ангажман на зимската служба. Тимовите моментално се на терен и ќе работат во текот на целата вечер“.

„Ќе продолжиме активно да ги чистиме јавните површини под наша надлежност, со што ќе обезбедиме безбедно и непречено движење на граѓаните во нашата општина, без никаков застој. Воедно, упатувам апел возачите да бидат претпазливи и да возат внимателно“, додава Муцунски во статусот на ФБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.