Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски во интервју за „Република“ за прв пат проговори за неговиот однос со градоначалничката Данела Арсовска и дали сѐ уште се пријатели.

Поради негативната реакција кај граѓаните, Јовановски најавува дека веќе нема да се појавува на блокадите, а ќе го намали и присуството во медиумите.

Имаме неодговорен однос од страна на градоначалничката Арсовска, која наместо да го решава проблемот влезе во изјави и дефокусирање на јавноста и зборување на некакви криминали и сл. И наместо еден проблем почна да се создаваат нови и беше раскинат договорот со „Слобода превоз“ со што приватните превозници остануваат без работа и егзистенција. Сега има и нов проблем со јавниот оглас за нови превозници. Остануваме на улица и покрај тоа што се проблем за граѓаните. Граѓаните не треба да го трпат ова и ако некој треба да мисли тоа е градоначалничката Арсовска, која е недостапна и не ги прима превозниците за да си ги кажат маките.

Тој објасни за долгот што ЈСП го има кон нив.

Долгот е 61 милион и 800.000 и тој е неспорен и усогласен со сметководствената евиденција на ЈСП и за кој што нема понудено решение.Никаков долг не е исплатен од моментот кога приватните превозници го побараа да им биде исплатен.Заедно со долгот што е со „Макекспрес“ е околу 100 мииони денари и во него не е пресметан со тој што сега ќе доспее за месец ноември.

Јовановски објанува и кој е проблемот со картите.

Приватните превозници не продаваат билети во автобусите.Граѓаните ги користат услугите на приватните превозници со билет купен од ЈСП.Целиот приход од продадени карти се слеваат во ЈСП.Приватните превозници не продаваат карти затоа што фискалните апарати кои се дел од инсталираната опрема на ЈСП не функционираат.Доколку продаваат ќе го прекршат законот за готовинско плаќање каде што јасно е кажано дека на местото каде што се врши готовинско плаќање треба да се издаде фискална сметка.Градоначалничката манипулира изнесува неточни податоци и тоа е лесно докажливо.

Јовановски проговори и односот кој го имаа со градоначалничката со која беа и пријатели.

Односите се сменија преку ноќ во моментот кога јас застанав во одбрана на приватните превозници  и одбрана на побарувањата на нивниот долг веќе следниот ден имаше чуден напад со тешки квалификации за криминали.Таа блискост и комуникација на некој начин е изневерена или злоупотребена.Ние ја поддржувавме градоначалничката и пред и после изборите со надеж дека таа ќе се заложи да исполни некои од ветувањата кои им ги даде на приватните превозници заради што ја доби и мојата лична поддршка. Меѓутоа се се смени откако седна на тоа столче и го смени мислењето и концептот за нејзино понатамошно управување од позиција на градоначалник.

Тој вели дека не се кае што ја поддржал но се чуствува излажан.

Кога се работи за некој човек кој ќе знае да ви влијае доверба и кој ќе ви вети нешто а не го исполнува можам само да бидам разочаран и евентуално да се извинам ако тоа нешто му значи на некого за таа поддршка што ја дадов заради тоа што бев изманипулиран на перфиден начин.Гледам дека се работи за сосема поинаква личност од онаа што мислев дека ја познавам. Не сме веќе пријатели, не можете вие пријателот да го бодете, да го навредувате, да му правите непријатни состојби од позиција градоначалник.Никој не би помисил дека такви лаги и манипулации би излегле од една висока позиција која што и е доверена.

Ленин ги објасни и плановите со блокадите.

Протестите продолжуваат но оглед на тоа што во изминатиот период моето име стана малку споменувано и врз основа на тоа сака да манипулира и да дефокусира и со тоа да му даде една политичка компомента и да гледа на мене како некаков проблем во целата ситуација и дека е ова потикнато од некакви политички причини и бизнис интереси. Со моето повлекување од јавниот настап од протестите ќе придонесам приватните превозници го решат проблемот а јас да не сум за поткусурување на некои политички недоразбирања и оправдувања сакам да им ги скратам можностите на сите оние кои се обидоа да го дефокусираат проблемот на мене лично или на она што го работам или на моето семејство, на моето појавување во јавноста.Сметам дека на овој начин ќе помогнам да им олеснам на приватните превозници да не бидат жртва на овој проблем и на одредени политички оправдувања како и неспособноста на одредени фактори да се префрлат на мене лично.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.