Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.