Секој еден што се обиде да донесе инвестиција во градот Скопје е добредојден. И доколку лидерот на ВМРО ДПМНЕ прокажува проактивност во таа насока мени ми драго. Само на власта тендери и провизии им се вртат низ главата. Тоа не е реалноста. Реалноста е дека во овие 120 дена, никој од економските ресори од владата не пројави проактивност да донесе некаква инвестиција во градот. Ниту се јавил, ниту ме повикал, истакна градоначалничката Арсовска при вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Арсовска уште објасни дека владата и економските ресори не се заинтересирани за состојбата во градот.

Кој било од владата да дојдеше да кажеше дека ќе донесе инвестиција во градот Скопје јас ќе го поддржев. Еве на пример министерот за локална самоуправа Милевски, да дојдеше и да кажеше „сакам да донесам инвестиција во градот Скопје“, јас ќе го поддржев. Затоа што тоа е добро граѓаните. Сега во овој момент средства нема и граѓаните го знаат тоа, но тоа не значи дека ние електрични автобуси нема да набавиме. Градот во овој момент со буџет во којшто е задолжен за повеќе од 160 милиони евра, нема средства, меѓутоа има донатори, има фондови и има начини како да се изведе она што треба. И јас сум подготвена со секој еден, па дури и со претставници на Владата да седнам на маса. За жал Владата досега со ниту еден чекор не покажа дека е способна или подготвена за доброто на граѓаните да соработува со локалната самоуправа, во којашто по ничија вина мнозинството е не доаѓа од нивната политичка партија“, дополни Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.