Во четврток на 9 мај 2024 година, во дансинг салата на Младинскиот Културен Центар, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи јубилејното петтто издание на Скопскиот градски фестивал, во организација на Баги Комуникации. На ова јубилејно издание не очекува возбудлива и исклучително квалитетна програма.

BLLA BLLA BLLA

По повеќе од пет години, пред скопската и македонска публика ќе настапи еден од најдобрите македонски и балкански рок состави, предводен од харизматичниот лидер и автор со оригинален музички израз, Идриз Амети. Миленици на музичката критика, бенд составен од одлични музичари со долгогодишно искуство на регионалните сцени.

МУХАМЕД ИБРАХИМИ

Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен но маестрален на сцена. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

3rd BRIGADE

Освен музичкиот дел, присутните ќе може да ја видат и изложба на академската уметница Маргарита Василевска, која во МКЦ ќе изложи 28 свои дела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.