Хрватскиот бенд „CODE 369“ ќе настапи на сцената на Филхармонија на 7-ми мај како дел од манифестацијата Скопски градски фестивал .

Миленици на регионалните медиуми, на концертот ќе го промовираат нивниот последен албум издаден од хрватската Croatia Records.

Нивната музичка мисла е на границата меѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардните идеи од првата категорија и прифатливоста на втората.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.