Во септември 2021 година мојата партија ги загуби локалните избори и јас презедов целосна одговорност и поднесов оставка. Тоа е демократски, некој мора да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да покажат одговорност“.

Ова, меѓу другото, поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев го изјави на конференцијата „People Power Academy“ во Вирџинија, САД, во организација на невладината организација „Канвас“.

Оттука се поставува прашањето дали поранешниот претседател на СДСМ со ова му испраќа порака на актуелниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски дека е време да си поднесе оставка, особено по дебаклот што го доживеа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.