Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ во недостаток на реални аргументи и проекти излегуваат со национал – романтистички барања, како што е изборот на претседател на државата во Собранието.

Она што е наш став е дека ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години, рече Петрушевски.

На прашањето дали со условувањата е доведен во прашање цензусот за претседател, Петрупевски вели дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат „доста е“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.