Македонец кој патува од Берлин за Скопје, ги споделува своите искуства од аеродромот и бара пратениците да го продолжат рокот на важење на пасошите со „Република Македонија“ , како што тоа го сторија и со возачките дозволи.

Моментално сум на аеродромот во Берлин и патувам кон Македонија, за да мобилизирам за веднашното враќање на слободата и мобилноста. По разговор со полицајците на граничната контрола во врска со пасошите со назив „Република Македонија” ми објаснија дека лицата со ‘Патен лист’ можат само да ја напуштат земјата, додека тие без таков лист можат исто така да ја напуштат Германија но добиваат кривична пријава. Влезот со валиден пасош со натпис ‘Република Македонија’ не е дозволен. Време е пратениците во Македонија да ја повлечат оваа одлука или да го продолжат рокот, како што беше со возачките дозволи! Доста го малтретирате народот!, пишува за своито искуство на Фејсбук Роберт Кленкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.