Нема никаков демант ниту реакација од Владата на вчерашниот текст на „Република“ дека премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи со бугарските власти договараат понижувачки формулации за македонскиот јазик и народ.

„Република“ вчера објави дека се финализира новиот договор со Бугарија кој треба целосно да ги задоволи апетитите на Софија и со тоа да дозволат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Во договорот се предвидува Бугарија да го признае македонскиот јазик како уставна категорија според Уставот на Република Македонија од 1991 година. Доколку ова се потпише ќе се алудира дека Македонците имаат јазик од 1991 година а претходно говореле на бугарски јазик.

Уште полошо за Македонија е делот за македонскиот народ. Ковачевски за да почне преговори е согласен да прифати дека македонскиот народ постои само од 1945 година кога се формирала југословенската федерација со останатите народи. Претходно, според Ковачевски и Петков Македонците биле Бугари.

Сосема е извесно е дека Македонија и Бугарија ќе потпишат нов Договор или Анекс на сегашниот договор. Но, во него најважно ќе биде да се расчисти најспорната точка од првичниот договор што го потпишаа Заев и Борисов а тоа е „заедничката историја“. Дали заедничката историја во бугарски превод ќе биде бугарска? Затоа е потребно двете страни да излезат со официјален став по ова прашање.

Доколку тоа не се случи проблемите ќе останат и ќе влијаат и во преговорите со ЕУ и во работата на историските комисии.

Како што веќе најави и премиерот Петков, Ковачевски со најскоро време самиот ќе побара внесувањето на Бугарите во Уставот да стане европски критериум. Намерата е јасна, со тоа притисокот да се префрли кон опозицијата бидејќи за тоа да се случи потребни се гласовите од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку опозицијата негодува веднаш ќе биде прогласена за кочничар на евроинтеграциите на земјата.

А тоа сценарио веќе сме го гледале при промената на името…..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.