Учениците од основните училишта и во следниот период ќе мораат да носат заштитни маски за време на настава – Владата на денешната седница не ја донесе очекуваната одлука за укинување на оваа обврска, иако Комисијата за заразни болести пред повеќе од една недела тоа го препорача.

Од Владата велат дека во текот на денот немало состанок на Главниот координативен Кризен штаб, на кој треба да се разгледува овој предлог и доколку добие зелено светло, потоа да се најде на владина седница. Засега нема најава кога би можело да се случи тоа.

Комисијата за заразни болести препорача маските да не бидат задолжителни за децата од прво до деветто одделение, откако стана јасно дека состојбата со епидемијата стивнува, односно дека помина последниот бран на ковид-19.

Според официјалните бројки, во изминатата недела за 56 отсто е намален бројот на смртни случаи, а за 34 проценти има помалку хоспитализации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.