Додека земјоделците од сите гранки протестираат револтирани поради немањето слух од страна на власта, најповиканиот во овој случај министерот Љупчо Николовски Путерот прославува роденден во Словенија.

Оваа фотографија покажува дека Николовски им се исмејава на маката на измачените змејоделци.

Додека земјоделците тонат во сиромаштија, премиерот Димитар Ковачевски поразот на вчерашните избори го прославува како победа, Николовски слави во Словенија.

Дно и срам! Вистинско лицемерие.

Неколку пати јавно предупредував дека Николовски единствено го интересира лично богатење, луксузирање со државни пари и личен пи-ар.

Ништо друго!

Николовски, не е време за славење, фотографирање и шетање, туку за изнаоѓање на решение на проблемите на земјоделците кои едвај преживуваат и сврзуваат крај со крај.

Поради негрижата и неспособноста оставка ВЕДНАШ!, пишува на својата Фејсбук страница Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.